Термини и услови
Оваа интернет страна, со домеин www.siena.mk, во сопственост на Атеље Сиена Скопје, со седиште на ул. Мариовска бр 58 Скопје - Кисела Вода Скопје, е вебсајт создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување и/или купување на производи. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените нарачки, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.siena.mk, внимателно да ги прочитате. Атеље Сиена не презема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.
Општи услови
Со самата посета или купување преку нашиот вебсајт, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. Атеље Сиена не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете. Називот Атеље Сиена е заштитен трговски знак на Атеље Сиена и забранет е секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност нa сопственикот. Атеље Сиена ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак Атеље Сиена. Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на Атеље Сиена и се заштитени со авторско право и сродните права. Преземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди овој сајт. Споделените информации од овој сајт имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите. За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот. Атеље Сиена го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога: Постои ризик од губење на битни информации при преводот Нема иста или слична терминологија на македонски јазик Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, Атеље Сиена ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на Атеље Сиена, не можеме да преземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.
Услови и правила за купување
Цените на сите производи на www.siena.mk се изразени во денари. Атеље Сиена го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Корекција на цената во секој случај може да биде извршена од страна на Атеље Сиена, доколку се работи за очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Во случај на постоење на очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите, Атеље Сиена веднаш ќе ги извести Купувачите кои извршиле нарачка или пак реализирале уплата за одредениот производ, а Купувачот во овој случај го задржува своето право да одлучи дали ќе ја откаже нарачката или не. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Атеље Сиена. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира финално = плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на резервација на нарачката. При евентуални технички проблеми или грешки со интернет страната, Атеље Сиена има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот. Купувањето можете да го остварите физички при достава на производот или преку уплата на фактура.
Подршка на корисници
За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на некој од броевите +389 71 342 055 / +389 78 898 823 достапни во периодот од 09:00 часот до 17:00 часот или да не контактирате 24/7 преку нашиот e-mail [email protected]
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.