Доставата се доплаќа 150 денари

Политика за приватност

Политика за приватност на личните податоци

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Атеље Сиена ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од посетителите (понатаму: “корисниците") при посета на веб страницата www.siena.mk (понатаму: ”веб страница").

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената веб страница и не се однесува за личните податоци што Атеље Сиена ги собира од своите корисници на други начини.

Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други веб страни, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страна.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Атеље СИЕНА 2022 Скопје, со седиште: ул. Мариовска бр 58 Скопје - Кисела Вода, со ЕМБС: 7071655 и ЕДБ:  5080015505437

Кои информации ги собираме?

Категории на податоци кои се обработуваат

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;

  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;

  • Вашиот оперативен систем;

  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;

  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;

  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете нашата веб -страна;

  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;

  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Дел од информациите се чуваат и на google analytics.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страницата ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.

  1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за креирање на вашата е-продавница (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските и регулаторни барања), како и податоци кои ги собираме како овластени обработувачи на овластена банка за добивање одобрение за виртуелни пос терминали

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, email и потпис и број на платежна картица. 

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страница, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;

  • преку нашиот email: [email protected]

  • преку пошта,

За време на посетата на веб страницата, Вашата приватност целосно се почитува.

При посета на веб страницата, Атеље Сиена ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата веб страница, заради користење на нашите услуги и производи.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

siena.mk ги обработува Вашите лични податоци за следниве цели:

- овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.

- администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа. 

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. 

Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци siena.mk ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. 

Вработените се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

siena.mk применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Атеље Сиена. 

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци

  • право на пристап до личните податоци

  • право на исправка и бришење на личните податоци

  • право на ограничување на обработката на личните податоци

  • право на приговор

Право на поднесување на приговор до АЗЛП  

Ако сметате дека начинот на кој Атеље Сиена и обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање/приговор до Агенција за заштита на личните податоци како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници.

При посетата на интернет страната од корисниците, siena.mk може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Колачиња на пребарувачот на интернет

Колачиња (“cookies") се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. 

Со помош на колачињата siena.mk го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната. 

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

siena.mk користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната:

-Неопходни колачиња - колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

-Колачиња за аналитика - колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.

-Функционални колачиња - колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страната. Тие можат да бидат поставени од страна на siena.mk, или пак од трети страни, чии услуги сме ги овозможиле на веб-страната. Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

-Колачиња за маркетинг - колачиња кои можат да бидат поставени преку веб-страната од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат колачињата за да Ви покажат релевантни реклами на други веб-страни. Тие директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или интернет-уред.

На интернет страната има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има поставено. 

Со посетата на интернет страната посетителите не можат да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет пребарувачот. Со кликање на копчето "Се согласувам" или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ. 

Во поставките на  својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет страната може да не функционираат како што е предвидено.

Ремаркетинг

siena.mk информациите кои ги собира преку користењето на колачиња (“cookies"), ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на интернет страната на www.siena.mk и обезбедена согласност за оваа активност.

Google, Facebook и останати трети страни, прикажуваат АdWords односно т.н. "ads" низ различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие “ads" се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страната на siena.mk преку користење на колачиња.

На пример, кога со посетата на www.siena.mk корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страна која исто така користи "ads" на Google да му биде презентирана реклама за siena.mk или за содржината која ја посетил на страната на siena.mk. Сите собрани податоци од siena.mk ќе се користат во согласност со оваа Политиката за приватност, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.

Корисниците можат сами да ги подесат параметрите за начинот на кои Google и и Facebook рекламираат до нив со пристапување на следните страници: За "Google": https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en и за “Facebook": https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/.

Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack ("DNT") е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот интернет пребарувач да ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не сака да биде следено. 

"DNT" функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот "Параметри" (Preferences) или “Поставки" (Settings) на интернет пребарувачот кој го користи.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

siena.mk има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страна www.siena.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност. 

Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет страната. 

Атеље СИЕНА 2022 1000 Скопје

Датум на ажурирање 21.09.2022

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2024 Vendor x Атеље Сиена   

Vendor Logo