Сите парчиња накит од епоксидна смола се уникатни и рачно изработени. Сите дизајни се оригинални и авторски.
Секое парче е рачно насликано со боја, но често користиме и златни и сребрени ливчиња, светки и други додатоци. Површината на која сликаме е од дрво. Дизајнот и формата на самата дрвена површина ја цртаме компјутерски, а потоа ја сечеме ласерски. Пред да се наслика, дрвената површина се заштитува со специјален намаз. Откога ќе се наслика дрвената површина, таа се залева и се оплеменува со епоксидна смола. Смолата која ја користиме е еколошка. Крајната фаза во изработката е овие дрвени и оплеменети парчиња да се претворат во накит. Па за таа цел користиме секакви метални елементи за да ги претвориме во обетки, брошеви, ланчиња, прстени, букмаркери, алки, привезоци за клучеви и пинови. За изработка на обетките користиме нерѓосувачки челик. Секако по желба може да се изработат и од сребро.
Начинот на одржување е едноставен. Накитот не треба се мокри, да се избегнува чување на влажно место, да се избегнува капење со него и да не се чува на директна сончева светлина. Сето ова се препорачува за да се зачува долготрајноста и сјајот, и накитот што подолго да изгледа како нов.
Идејата позади изработката на накитот од смола е да се создаде мала уметничка слика која ќе може да се носи како моден додаток. Секој мотив раскажува своја приказна, преку потезите на четката, градацијата од една боја во друга, текстурата, несовршеноста и деталите. Секое парче накит е изработено со многу љубов и внимание, и самата несовршеност ја пренесува топлината на човечиот допир. Поради тоа што секое парче е рачно насликано цртежот може да варира.
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.