Доставата се доплаќа 150 денари

За нас

Спој на традиционалното и модерното

Марина Јакшиќ

,,Мојот креативен пат почнува од 1987 година, кога имав 21 година и станав дел од школото ,,КО-РА” во Домот на културата ,,Кочо Рацин”. Таму ги изучив тајните на сликарскиот занает од професорите Ѓоко Матевски и Цане Јанкуловски. Со своите слики учествував на многу групни и самостојни изложби. Моите слики красат многу домови како во Македонија така и низ светот. Потрагата по нови техники за изразување ми продолжи со посета на курсот за сликање на стакло, но пресудно да почнам со изработка на накит ми беше посетата на курсот за филигран во Занаетчиска комора во 2015 година. Оттогаш ми се отвори нов креативен свет бидејќи самата техника овозможува безброј комбинации. За да го изградам својот уникатен стил правев многу експерименти и истражувања. Да се долови одредена замисла, да се претстави на начин кој ќе биде најблизок до идејата и приемчив за публиката, и да се изработи во одредено парче накит е долг процес што се состои од многу игра со форми и техники. Затоа учењето никогаш не запира, секој ден во текот на работа се открива нешто ново. Како што навлегував во светот на накитот дојдов во контакт со многу креативни луѓе кои сакаа да ја споделат нивната техника и организираа курсеви. Па така го посетив курсот за изработка на накит од месинг, фузија на стакло, везење и сутаж техника. Сите овие техники оставија одреден белег во мене и ми помогнаа да ја раскажам својата приказна преку творење.”

Елена Јакшиќ

,,Родена сум во уметничко семејство каде што уште од мала преку игра бев вовлечена во светот на креативноста. Различните материјали, бои и техники беа дел од моето секојдневие и постојано набљудував и учев нешто ново. Многу се пронаоѓав во играта со бои, но и во реалистичниот цртеж. Па затоа природно дојде до тоа да се запишам во Државното средно училиште за уметност и дизајн ,,Лазар Личеноски” на отсекот сликарство. Во училиштето изучувавме многу напредни техники на цртање, сликање, вајање, но и технички цртеж. Откога завршив средно во 2012 година веднаш се запишав на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на смерот ликовна педагогија. На овој смер изучував сликарство, графика, вајарство и педагогија, и со тоа моите способности се зголемија. Додека бев четврта година на факултет почнав да ја изучувам техниката на епоксидната смола, а потоа од 2017 почнав да изработувам накит во оваа техника како хоби. Оттогаш па навака хобито прерасна во нешто повеќе и почнав да творам под името Ателје Сиена. Парчињата накит се рачно насликани, а потоа залеани со епоксидна смола и со тоа му најдов примена на сликарството во предмети за секојдневна употреба како што се парчињата накит. Во 2019 завршив курс за графички дизајн и почнав своите дизајни да ги изработувам и комјпутерски, со тоа што ми се отворија нови можности. Сето знаење што го имам соберено до сега ми помага да ги усовршам своите дизајни и креации.”

Подароци за тебе и твоите најсакани!

Секое парче од нашата колекција е уникатно дизајнирано и рачно изработено со љубов и внимание, од квалитетни материјали користејќи традиционални и модерни техники. Уникатно дизајнирано ремек дело.

Погледни повеќе
Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2024 Vendor x Атеље Сиена   

Vendor Logo