Бесплатна достава за нарачки над 1800 денари

Изработка на накит од сребро и филигран

Филигранот е стар занает кој се користел за изработка на најраскошен накит од сребро. Самата изработка на филигранот е долготраен процес. За изработка на филигранот се употребува сребрена жица во најразлични дебелини, големини и форми. 

Прво среброто се стопува во шипка, потоа почнува процесот на истенчување во жица. Најчесто се истенчува до дебелина од 0.8мм до 0.25мм во зависност за што се користи. Округлата жица од 0.8мм се сплескува помеѓу два ваљака и се користи за надворешните делови на парчето накит. Со таа димензија се прават и некои внатрешни прегради кои освен што имаат зацврстувачка функција имаат и декоративен момент. Потоа се исполнува со помали парченца сребрена жица која е предходно спремена. За да се спремат внатрешните парчиња на жица се користат две жици од 0.25мм кои се сукаат меѓусебно и потоа се сплескуваат помеѓу два ваљака. Од оваа жица се прават различни форми на кругови и капки, но најчесто се прават осмички. Осмичките се прават така што педходно жицата се сече на мали димензии од 16мм до 25мм и со пинцета се виткаат на двата краја. Кога се вградуваат во самиот оквир на накитот тие треба да се споени и да не може да испаднат кога ќе се подигнат од работната површина. Потоа од задната страна се посипуваат со лем и се горат со бренер до точка на топење за сето тоа да се спои и да преставува една целина. Во зависност дали е брош, привезок, обетки или ланче се додаваат алкици или игла. Се чисти, шмиргла, полира до ковнички сјај и се остава да се исуши. На крај може се патинира за да се добие антички изглед на накитот.

Погледнете повеќе за како да се грижите за накитот од сребро.

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2024 Vendor x Атеље Сиена   

Vendor Logo